АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, возачите да внимаваат на можни одрони

Avtopat Veles-Skopje

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено и по суви коловози, а интензитетот на возила надвор од градските средини е умерен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Zito baner

Според утринскиот извештај на АМСМ, на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Agria

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: