Дизелот од полноќ ќе поевтини за половина денар денари по литар, додека бензините ќе поскапат за истата сума, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,27 отсто во однос на претходната одлука донесена на 22 јуни.
Од 30 јуни 2026 година, од 00:01 часот, максималните цени на горивата ќе бидат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,00 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 79,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 41,495 денари за килограм
























