33-годишен велешанец е приведен во Охрид под сомнение дека сторил кривично дело „силување“.
Според информациите од МВР, полициски екипи од СВР Охрид го лишиле од слобода К.С. на 10 август, во 18:30 часот.
На случајот му претходела пријава поднесена истиот ден во СВР Битола. 21-годишна државјанка на Шведска пријавила дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, додека се наоѓала во ноќен клуб во Охрид, К.С. извршил обљуба врз неа.
Осомничениот е задржан во полициска станица. Од МВР велат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

























