(ВИДЕО) Борец 1919 со седумка го отвори првенството

Фудбалерите на Борец 1919 моќно го започнаа новото првенство во Третата фудбалска лига – Регион 4, откако на домашен терен убедливо со 7:0 го совладаа тимот на Млекар.

Zito baner

Голеадата во Велес ја отвори повратникот во составот на Борец, Пеце Стојанов, кој во 20. минута погоди за 1:0. Стојанов беше повторно прецизен во 34. минута и со својот втор гол му донесе на Борец предност од 2:0 на полувремето.

Agria

Во вториот дел следуваше вистинска голеада. Капитенот Милан Чичевски трипати ја затресе мрежата на гостите – во 55., 70. и 83. минута, за убедливи 5:0.

Само што тргнаа од центарот гостите, Борец повторно нападна, а Стојанов во следниот напад го постигна својот трет гол на натпреварот за 6:0 и комплетираше хет-трик.

Конечните 7:0 ги постави Албин Јашари во 86. минута, откако претходно пропушти неколку одлични можности за погодок.

Борец 1919 со убедлива победа го најави амбициозниот старт на сезоната во Третата фудбалска лига – Регион 4.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: