Борачите на Борец од Велес остварија одличен успех на турнирот „Листон“, освојувајќи го првото место во вкупниот пласман со освоени 14 медали, од кои 5 златни, 4 сребрени и 5 бронзени.
Пехарите и највисоките индивидуални признанија останаа во Велес. За најдобар техничар беше прогласен Јашар Јашаров, додека признанието за најдобар борач му припадна на Ване Минов.
Трофејот „Листон“ го освои Дамир Бакиов, со што велешкиот клуб го заокружи успешниот настап на турнирот.



















