Петнаесетгодишник од Велес одзел патничко возило, удрил во бетонски ѕид, а потоа го напуштил местото на настанот, информираат од СВР Велес.
Според полицискиот билтен, на 4 јули 2026 година полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршиле службен разговор со малолетникот, кој истиот ден на улицата „Алексо Демниевски“ го одзел патничкото возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на О.Т. (63) од Велес.
По одземањето на возилото, малолетникот удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу бил пронајден и спроведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Возилото е вратено на сопственикот, а по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

























