Аплицирате во Полициското училиште? МВР со важен апел до учениците

Policija stroj naslovna

Министерството за внатрешни работи ги повика учениците кои планираат да конкурираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште да не се отпишуваат од средните училишта во кои моментално посетуваат настава.

Zito baner

Од МВР појаснуваат дека кандидатите кои ја завршиле првата и втората година во некое средно училиште не треба да преземаат никакви чекори за отпишување во текот на процесот на пријавување и селекција.

Agria

Воедно, Министерството информира дека потребната документација за аплицирање треба да се достави во оригинал или како копија заверена кај нотар.

По изборот на кандидатите, Министерството за внатрешни работи ќе склучи договор за школување со примените ученици и нивните родители, старатели или законски застапници. Со тој договор ќе бидат регулирани и сите понатамошни постапки и обврски поврзани со училиштата во кои учениците досега се школувале.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: