
Велешанецот Тоше Ончев е новото засилување во редовите на ракометниот клуб Бисинов Фруитленд. Ова го објави клубот на својата официјална фејсбук страна.
Содржината продолжува под рекламата
26-годишниот Ончев, како роден велешанец, своите први ракометни чекори ги направи во родниот град, за потоа преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, да го направи своето деби како интернационалец, во втората по квалитет лига во Франција. Од Франција заминува во Грција, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапува за тимот на Работнички.
Содржината продолжува под рекламата
Во сезоната 2021/22 заминува во Тримо од Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона. Една натпреварувачка сезона ја помина во амбициозниот Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши сезоната. Минатата сезона настапуваше во екипата на Голден Арт.
Тој е четврто засилување за дебитантската натпреварувачка сезона во Супер лигата за Бисинов Фруитленд. Претходно на клубот му пристапија Зоран Стојановски, Мартин Димов и Марко Трајковски.
Можеби ќе ве интересира:
- Семејна расправија во Градско заврши со приведување на 26-годишник
- Борец во битка за куп-трофејот, Ф4 од Купот ќе се игра во „Јане Сандански“
- Висок одѕив на крводарителската акција во „Коле Неделковски“ – собрани 45 единици крв
- Нов бран отпуштања во автомобилската индустрија: „Дрекселмајер“, „Адиент“ и „Аптив“ кратат работни места во регионот
- Борец Баскет пред обезбедување плеј-оф, победа против Водно Санс носи чекор до целта















