
И утрово повторно гужви на двата најфренквентни гранички премини во државата – Табановце и Богородица. Од АМСМ само информираат дека се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини, без да се наведе колку време е потребно за да се влезе и излезе од Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Според камерите на ЈПДП, на ГП „Богородица“ пуштени се три коловозни ленти. На камерата поставена на овој граничен премин, се гледа како возилата споро се придвижуваат за излез од државата. Гужви имаше и во текот на викендот.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Можеби ќе ве интересира:
- Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
- Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
- РКЕ го смени правилникот за формирање на цените на горивата: Може и да се одлучува на дневно ниво
- Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
- Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани – нафтата падна на 96 долари
















