
Министерството за здравство информира дека досега се аплицирани вкупно се 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.
Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани.
Од министерството додаваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.
Можеби ќе ве интересира: