Нафтените деривати од полноќ ќе се продаваат по значително повисоки цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми малопродажните цени во просек за 4,85 проценти.
Согласно новата одлука, најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 6,50 денари, па литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 98,00 денари.
Цените на бензините се бележат раст од 4,50 денари по литар, со што ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 91,50 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 93,50 денари/литар.
За 6,00 денари по литар поскапува Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) и неговата нова цена ќе изнесува 98,50 денари, додека новата цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,726 денари/килограм.
Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

























