Од полноќ стапуваат на сила нови, повисоки малопродажни цени на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Цените во просек се зголемуваат за 2,62 отсто во однос на претходната одлука од 17 август.
Најголемо зголемување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. Еуродизелот од 25 август ќе се продава по максимална цена од 101,50 денари за литар. Бензините поскапуваат за 1,50 денари за литар. Еуросупер БС-95 ќе чини 93 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар.
За 2 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија максимална цена ќе изнесува 100,50 денари за литар. Поскапува и мазутот М-1 НС за 1,850 денари за килограм и од полноќ ќе се продава по максимална цена од 45,576 денари за килограм.
























