Приходите на „Тесла“ се намалија за 71 отсто – Маск најави поголем ангажман во компанијата

TESLA ZNAK

„Тесла“ објави заработка од 409 милиони долари во првите три месеци од 2025 година, што е 71 отсто помалку во однос на 1,4 милијарди долари во истиот период лани. Тоа би можело да го зголеми притисокот врз милијардерот Илон Маск, главен извршен директор на „Тесла“, да го намали ангажманот во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и да се посвети на менаџирање на компанијата, пишува „Њујорк тајмс“.

Zito akcija 640x289px

„Тесла“ претходно објави нето добивка од 1,1 милијарда долари во 2024 година, бројка што беше ревидирана поради промена во начинот на вреднување на крипроимотот.

Agria

Продажбата на возилата на „Тесла“ е во пад покрај жестоката конкуренција од Кина, како BYD, но и поради јавните истапи на Маск и поддршка на крајно десничарските политички ставови што наиде на одбивност кај дел од либералните и центристички купувачи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: