Сите државни патишта се проодни, апел за внимателно возење

Сообраќајот низ земјава утрово се одвива без поголеми пречки, а коловозите на поголемиот дел од патиштата се суви. Според надлежните, сите државни патни правци се целосно проодни.

Zito baner

Возачите сепак се предупредуваат на зголемена внимателност на делниците што минуваат низ клисури и планински усеци, каде поради природни процеси е можна појава на помали одрони.

Agria

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат учесниците во сообраќајот да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно.

Од претпријатието информираат дека нивните дежурни екипи се постојано ангажирани на терен со цел сите патни правци да останат безбедни и проодни.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: