
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=7
До петок ќе се задржи стабилно време, освен во среда околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд.
Вo среда и в четврток, особено по должина на Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.
Можеби ќе ве интересира: