
Фудбалскиот клуб Борец 1919 не престанува со засилувањата на ростерот пред новата сезона на Втората фудбалска лига. Нови имиња кај велешани се Блажевски и Јордановски.
Содржината продолжува под рекламата
Кристијан Јордановски доаѓа од струмичка Беласица и ќе ја засили одбраната. За своите 25 години има доста големо второлигашко искуство настапувајќи за екипите на Брегалница Штип, Кит-Го, Тетекс, Саса, Слога Виница, Детонит и други.
Давид Блажевски е млад и перспективен играч кој доаѓа од екипата на Кадино. Тој ќе ја зголеми конкуренцијата во со средниот ред.
Содржината продолжува под рекламата

Тие се седмото и осмото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил, Флорент Османи, како и Горан Димоски и Стојан Петковски.
Можеби ќе ве интересира:
- Се претставил како инспектор и измамил велешко семејство за 12.400 денари
- АРМ објави оглас за 300 нови војници
- Извештај на ДКСК: Систем за интегритетот на хартија, слаб во пракса
- Борец поведе со 1:0 во полу-финалето од одбојкарскиот плеј-оф
- (ФОТО+ВИДЕО) „70 години ракомет во Велес“ – Сведоштво за генерации што го живееја ракометот
















