
Eкипата на ФК Борец 1919 продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Стојан Петковски и Горан Димоски.
Содржината продолжува под рекламата
Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш. Претходно во својата кариера беше дел од Пелистер, Работнички, како и на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, како бек и како крило.

Тие се петтото и шестото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил и Флорент Османи.
Можеби ќе ве интересира:
- Велешките атлетичари со второ место на „Че Трчаме 2026“ во Прилеп
- Од полноќ дизелот повторно ќе биде поскап од бензинот
- Борец Баскет со нова убедлива победа, Сопроновски постигна 24 поени
- Спасено мече на Јакупица, било заробено со метална жица околу вратот
- Резултати од 3 коло на Општинска фудбалска лига Велес
























