
Прволигашот од Кратово беше преголем залак за велешките фудбалери. На генералката пред стартот на прволигашката сезона, Силекс во Кратово го победи Борец со резултат 5:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведо во 17 минута од натпреварот преку Леонид Игнатов. На 2:0 зголеми Даре Ангелески во 34 минута од натпреварот, а со голот на Марко Ѓоргиевски во 44 минута се замина на одмор со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
На стартот од вториот дел во 48 минута на 4:0 зголеми Леонид Игнатов со неговиот втор погодок, а конечниот резултат го постави Никола Брауновиќ во 69 минута од натпреварот.
Вторат фудбалска лига стартува на 17 август, а денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се извлечат паровите за новата сезона.
Можеби ќе ве интересира:
- Превалец убедливо поразен на гостувањето кај Големо Коњари
- (ВИДЕО) Вандализам во црквата „Свети Спас“ во Велес, искршени и турнати надгробни споменици
- Уапсен 35-годишен велешанец, осомничен за кражба од дом
- Победа за одбојкарите на Борец, пораз за одбојкарките на домашен терен
- Неверојатни сцени во соседна Србија: Редици пред избирачките места уште од рано





















