
Борец 1919 одигра реми 2:2 на четвртиот натпревар од подготовките пред почетокот на Втората фудбалска лига. Противник беше Детонит Плачковица од Радовиш, а тимот на Љупчо Димитковски – Гањо одигра квалитетно, и успеа два пати да ја затресе мрежата на радовишани.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Јосиф Манасив уште во 3 минута по добро изведена акција со Милан Чичевски. Во 26 минута Таипи најдобро се снајде по една нафрлена топка во шеснаесетникот на Борец. Гостите заминаа со предност на полувреме со одлично изведениот слободен удар на Настевски во 43 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Конечниот резултат го постави Јосиф Манасиев со својот втор погодок во 69 минута од натпреварот. Следен тест за велешани е контролниот натпревар против Силекс во недела.
Можеби ќе ве интересира:
- Приведен велешанец поради агресивно однесување кон полицијата
- Стaртува второто полугодие за учениците
- Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
- (ГАЛЕРИЈА) Стојанче Илчевски го фати светиот крст во Велес
- РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици



















